Груевски во посета на општина Вевчани

Во рамки на  посетата на струшкиот  регион лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министрите за транспорт и врски Владо Мисајловски и за труд и социјална политика Диме Спасов, како и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски попладнево беше и во посета на општина Вевчани.

Груевски на лице место преку разговорот со градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриновски, како и во контакт со локалното население  се запозна со дел од активностите и градежните проекти што се одвиваат во рамки на општината, а кои се во завршна фаза.

Моментано во општина Вевчани се работи на девет различни проекти, меѓу кои уредување на шеталиштето на кејот на Вевчанска река, кружен пат околу селото, како и партерно уредување во рамки на новоизградениот образовен центар во селото во чии рамки функцонираат Основното училиште, повеќенаменска  спортска сала и детска градинка. Инвестиција во вредност од 250 илјади евра.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изврши увид и во делот на инфраструктурните проекти во општината чија изградба е во завршна фаза како што е делот од канализациски линии во должина од над два километра, зафат вреден околоу 65 илјади евра  што ќе биде целосно функционален и предаден во употреба наредниот месец.

За наредната година беше најавено изградба на уште едно мултифункционално спортско игралиште,  како и уште еден дел од обиколниот пат кон селото за што се обезбедени  средства во износ од 23 милиони денари.

Со изградбата на новото повеќенаменско спортско игралиште, како и со постојаната спортска сала и најсовремените тениски игралишта ќе биде заокружен спортскиот комплекс во рамки на општината Вевчани кој што се очекува уште повеќе да придонесе за развој на туризмот во областа.

 
 
15.07.2016 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега