МНР со апел до Македонците во Турција: Будно се следи состојбата

Министерството за надворешни работи информира дека континуирано ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералениот конзулат во Истанбул.

- Воедно, ги известува сите македонски граѓани кои се наоѓаат во овој момент во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации, стои во денешното соопштение од македонското МНР.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Турција, се посочува во соопштението, молиме да се обратите на отворените телефони во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Анкара и Истанбул или во Министерството за надворешни работи.

 
 
16.07.2016 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега