Амети во посета на Кањонот Матка - акција за чистење и уредување на просторот

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, денеска го посети локалитетот Кањон Матка, каде што на негова иницијатива се спроведува акција за чистење и уредување на просторот.

Покрај собирање на  неправилно одложениот отпад и обезбедување на дополнителни канти за отпадоци, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, акцијата има за цел и подигање на јавната свест и развивање добри навики кај посетителите за постапување со комуналниот отпад.

- Ова треба да допринесе за почиста и зачувана животна средина во овој преубав локалитет кој воедно е и споменик на природата, стои во соопштението.

Во акцијата се вклучиле јавните комунални претпријатија од Град Скопје и од општина Сарај, претставници од АРМ, како и волонтери од општината и околните населени места.

- Отпадоци се собираа на и околу кајакарската патека покрај реката Треска, до браната на кањон Матка, а во тој потег се поставени шест нови клупи и 20 канти за отпад обезбедени од колетивниот постапувач со отпад „Пакомак“, се појаснува во соопштението.

 
 
16.07.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега