Заштитните сведоци ќе раскажат за Диво Насеље - судењето зад затворени врати

 

По одложеното судско рочиште во четвртокот за хоророт кој минатата година се случуваше во Диво Насеље, денеска во Кривичниот суд продолжува  судскиот процес. Пред судиите ќе сведочат заштитните сведоци во случајот.

Ќе се сослушаат 40-на заштитни сведоци, и секако поради тоа, судењето ќе се одвива зад затворени врати од очите на јавноста.

За потсетување, случајот за Диво Насеље почна одново. Обвинети се 29 лица за тероризам, кои се товарат дека биле дел од кумановска група за тероризам и терористичка организација.

Групата на 9 и 10 мај минатата година се судри со безбедносните сили во кумановско.

Убиени беа осум полицајци, а 14 беа потешко повредени.

 
 
18.07.2016 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега