Трагедија: Тетовчанец прегазил две млади момчиња па заминал во смрт

 

Два часа по полноќ на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот. Според податоците од македонската полиција, 38-годишниот Р.Р. од Тетово, управувајќи моторцикл „Сузуки“  со тетовски регистарски ознаки, удрил  во 38-годишниот пешак И.С. од селото Сарај, кој бил застанат на лентата за принудно запирање со своето возило „БМВ“ со непознат регистарски број. Возачот удрил и во 28-годишниот М.Х. од населбата Ѓорче Петров, кој исто така бил застанат до возило „Хонда Цивик“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од 28-годишниот Р.О. од Скопје.

Во незгодата на лице место починал Р.Р. додека со тешки телесни повреди се здобил И.С. кој е пренесен во Ургентен центар Скопје.

Со телесни повреди се здобил и Х.М. кој по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.

 
 
18.07.2016 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега