Во исчекување на Олимпијадата: Снимањето на порно филм на плажа во Рио разлути многумина
Поголемиот дел од спортскиот свет со нетрпение го очекува почетокот на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Меѓутоа, многумина останаа шокирани кога на една од најпознатите плажи на светот здогледале пар како снима порно филм.
Имено, глумицата во филмови за возрасни Никол Битенкорт и Јури Мачадо се впуштиле во снимање на „филмот“, а многумина останале шокирани кога ја здогледале оваа глетка, посебно што на плажата доаѓаат и многу деца.
Иако повеќето го осудија снимањето на порно филмови на плажа во Рио, режисерот Бред Монтана изјави дека за време на снимањето немало никој.
- Немаше никој на плажата, а посебо не жени и деца, а улиците беа празни и затворени. Ја избравме оваа локација бидејќи знаевме дека ќе биде тивко, рече Монтана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа