Се гради повеќенаменско игралиште во Демир Капија

 

Во Демир Капија денеска почна изградба на повеќенаменско игралиште, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт. 

Игралиштето ќе биде со површина од 1.296 квадратни метри, а за користење на теренот и во вечерните часови,  ќе биде поставено и соодветно осветлување, информираат од Локалната самоуправа. 

- Се работи за објекти за рекреативно користење  и тоа за ракомет, мал фудбал и кошарка. Ги има насекаде ширум државата, а еве едно такво игралиште никнува и кај нас, посочуваат надлежните од Локалната самоуправа Демир Капија.

 
 
19.07.2016 - 12:24
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега