Гостиварчанец донесен модар во болница - криеле што му направиле
Пет минути по полноќ во Ургентниот центар Гостивар, донесен е седумнаесетгодишник од селото Дебреше, гостиварско, со тешки телесни повреди на долните екстремитети. Поради сериозноста на повредите истиот е префрлен во Клинички центар Скопје. Од страна на непознати лица, кои го донеле во Медицинскиот центар Гостивар, првично било кажано дека лицето е повредено од сообраќајна незгода, а потоа дека се повредил при сечење дрва над селото Дебреше.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
19.07.2016 - 13:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа