Миноски: Правното мислење за еврообврзницата потпишано денеска

Министерот за финансии Кирил Миноски денеска на расправата за ребалансот истакна дека правното мислење за еврообврзбницата, како што предвидува постапката за издавање на еврообврзница, е потпишано денеска од страна на министерот за правда.

– Сакам да истакнам дека во изминативе десет дена беа изречени бројни дискредитации против Министерството за финансии и министерот за фианнсии, со што му се нанесува штета на министерството и министерот и институционална и лична. Против сите тие кои со невистини и шпекулации сакаа да и наштетат на Македонија ќе бидат поднесени соодветни пријави и барања за оштетни побарувања, истакна министерот.

 

 
 
26.07.2016 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега