Железничката во Битола добива нов лик

Во рамки на проектот на Министерството за транспорт и врски за реконструкција на 10 железнички станици на Коридорот 10 според стандарди на ЕУ започна и целосната реконструкција на железничката станица во Битола.

Согласно проектот ќе изградат нови чекални и билетарница, ќе биде заменет кровот, подовите и фасадата, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети. Исто така комплетно ќе биде заменета водоводната и електричната инсталација, како и внатрешното и надворешното осветлување. Во станицата ќе бидат поставени системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита и патнички информативен систем.

 

Реконструкцијата се очекува да биде завршена до 23 декември оваа година.

Предвидено е според проектот финансиран од министерствата за финансии и за транспорт и врски, на железничката станица во Битола и промена на пероните и платото околу станицата на површина од околу 400 квадратни, изградба на нов паркинг простор и други корисни содржини. 

 
 
26.07.2016 - 15:12
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега