Фатени крадци кои оперирале во Тетово

22-годишниот А.Е. од Тетово заработи кривична поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела „тешка кражба“ од кои пет во обид, како и против 50-годишниот Ш.Љ.  поради две кривични дела „прикривање“.
Во периодот од март до мај 2016 година, на градското подрачје во Тетово и селата Озорниште, Палатица и Требошница, А.Е. со употреба на физичка сила и погоден предмет ги извршил тешките кражби во куќи и станови, од каде одзел технички апарати, електрични алати и други разни предмети.
Ш.Љ. иако знаел дека предметите потекнуваат од извршено кривично дело со пониска цена од реалната ги купил од пријавениот.
 
 
27.07.2016 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа