Полицијата упадна во домот на тетовчанец

24-годишниот А.Ш. од тетовското село Доброште си заработи кривична пријава откако полицијата упадна во неговиот дом.

Според податоците, тој заработи кривична поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Извршен е претрес во домот и помошните простории на тетовчанецот при што е пронајдена автоматска пушка, два куршуми калибар 7,62 мм. и на катастарска парцела пронајдени се осум стебла од растението-канабис сатива.

 
 
27.07.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега