Нови вработувања: Успешна инвестициска приказна во Илинден

Како што беше најавено во новата инвестиција ќе се отворат 40 работни места.

Од општина Илинден посочуваат дека во рамки на одбележување на патрониот празник „Илинден 2-ри Август“ во општината поставени се 4 камен темелници на четири нови инвестиции во вредност од 17 милиони евра кои ќе отворат вкупно 230 нови работни места.

Во економската зона „Стопански двор Илинден“ поставен е камен темелник на транспортно-логистички центар со шпедиција и администрација на домашна компанија која овозможи отворање на 50 работни места.

fabrika ilinden1

Во истата зона во фаза на изградба е и објект за пакување на плочки со административно деловен и изложбен простор каде ќе се вработат 20 лица.

Уште една домашна компанија со изградба на административно деловен и магацински простор ќе вработи 20 лица.

Во локалните економски зони во Општина Илинден има 181 инвестиција од кои 32 се директни странски инвестиции. Овие компании отвораат голем број работни места, што се потврдува и со последните информации од општината, дека стапката на невработеност во о.Илинден е под 10%.

 
 
28.07.2016 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега