Се негува традицијата: Градоначалникот на Свети Николе ги испрати коњаниците
Градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев со предавањето на општинското знаме пред зградата на локалната самоуправа на коњаниците кои учествуваат на Илинденскиот коњички марш, им посака среќен пат и порака да се негуваат традициите и сеќавањата на големата илинденска епопеја на македонскиот народ.
Коњаниците учесници на маршот, кои по десетти пат ја подржуваат оваа манифестација, организираа дефиле низ улиците на Свети Николе, а пред споменикот на загинатиот бранител од 2001 година Александар Серафимов положија цвеќе. Тие заминаа кон Крушево каде на 2 Август ќе учествуваат на манифестацијата посветена на Илинденското востание од 1903 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа