Почнуваат „Илинденските денови“ во Битола

Од денеска до 1. август, во организација на битолскиот Центар за култура, во Битола ќе се одржи 43. Фестивал на фолклорни игри и песни „Илинденски денови“.

Отворањето ќе биде проследено со традиционална музика и игра, а ќе му претходи дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“ кое ќе почне од Саат Кулата.

Во рамки на Фестивалот на 1 август ќе се одржи интернационалната вечер на која ќе настапат ансамбли од Израел, Турција, Полска и Бразил. Фестивалот ќе биде затворен со концерт на „Танец“ од Скопје.

најчитано сега