АХВ: Нема пречка за извоз на термички третираните производи од месо во Русија

 

Нема никаква пречка соодветно термички третираните производи и нус производи од говедско месо да се извезуваат на рускиот пазар, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Воведената забрана за увоз на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија поради појавата на болеста јазлеста кожа во нашата земја, како што посочуваат од АХВ, е од времен карактер и се однесува исклучиво на живи животни, на месо и производи од говедско месо кои не се соодветно термички тертирани, како и на нус производи од говеда (кожа) која не е соодветно третирана.

– Забраната за увоз, руските ветеринарни власти ја вовеле согласно стандардите на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, се наведува во денешното соопштение од АХВ.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ќе останат во постојан контакт и комуникација со руските ветеринарни власти и ќе ја следат состојбата.

– По смирувањето на болеста јазлеста кожа во Република Македонија  Агенцијата за храна и ветеринарство официјално ќе побара од руските ветеринарни власти да извршат реевалувација на донесената одлука и да ја укинат воведената забрана за увоз од Република Македонија, се додава во соопштението.

 
 
01.08.2016 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега