Одбележан празникот Илинден во Гевгелија

Со положување цвеќе пред споменикот на Сава Михајлов, бистите на народните херои и првоборците и костурницата на паднатите борци, денеска во Гевгелија, делегации од боречката организација, градоначалникот Иван Франгов со членовите на општинскиот Совет ,претставници на политички партии и граѓански здруженија, ја одбележаа 113 годишнината од Илинденското востание и 72 години од првото заседание на АСНОМ. 

За значењето на светлите датуми говореше претседателот на гевгелиските борци ,Ристо Марковски, кој истакна дека македонскиот народ со двата Илиндена јасно ја истакнал својата желба да живее во слободна и независна држава.

- Денеска им оддаваме почит на сите знаени и незнаени Македонци кои ги положија своите животи во остварувањето на главната цел,создавање независна македонска држава. Нека Илинден биде потсетник на нескршливата волја на македонскиот народ, вербата во себе и во својата држава, нагласи меѓу другото во обраќањето Ристо Марковски. 

 
 
02.08.2016 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа