Внимавајте! - со горештините се зголемува и ризикот од појава на пожари

Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, преземаат мерки и активности за заштита од можни шумски пожари и пожари на отворен простор во наредниов период кога Македонија ќе ја зафатат пеколни горештини.

Воедно,  градот Скопје и „Паркови и зеленило“ апелираат до граѓаните  да бидат повнимателни поради високите надворешни температури и сушниот период, бидејќи  се зголемува опасноста од избувнување пожари и им препорачува да бидат помобилни  при настанување пожар на отворен простор, особено на местата како што се: Парк –шумата Водно, Гази Баба,  СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот  Матка и други излетнички места.

 Се упатува апел и до граѓаните коишто се движат или се рекреираат во парк-шумите или излетничките места да не палат оган на отворен простор и на небезбедни места, да не се пали отпад и да не се фрлаат отпушоци од цигари.

ФОТО: Дневник

 

 

 

најчитано сега