Преубавиот Охрид ве вика на посета – голема репортажа во „Јутарњи лист“

Голема репортажа за Охрид во хрватскиот весник „Јутарњи лист“, дело на патописецот Звонимир Јурчиќ и фотографот Иван Лацковиќ.

Следејќи ги прилично бизарните патокази, нашите патописци од бучниот и вибрантен милионски Солун стигнаа до Република Македонија и нејзиниот туристички бисер Охрид и веќе на прв поглед неповратно се заљубија во неговиот прекрасен опуштен амбиент и срдечни луѓе

Застани, застани, застани, извика одненадеж на цел глас мојот совозач Иван…Па, што е сега, побогу, зошто и како да застанам среде возење по лошата локална улица искапена во дожд, некаде „богу иза ногу“ во северна Грција? Но, одлучувам да му верувам на неговиот фотографски инстинкт и полека застанувам на страна. Го прашувам што е тоа толку битно што го виде, кога со километри околу нас освен улици, полиња и понекоја трошна куќа нема ама баш ништо вредно за притискање на копчето на неговиот „Никон“…

slika 2

-Врати се барем стотина метри наназад и ќе видиш, ми вели тој со загонетна насмевка на лицето…Ја вртам „дачијата“ и навистина имам што да видам – плоча со патоказ за ни помалку ни повеќе туку – Југославија, односно Yugolasvia! OK, си велам, добра фора, но веројатно се работи за плоча која некој одамна, пред скоро четврт век не ја забележал во грмушките покрај патот и заборавил на неа. Ништо чудно, посебно кога ја имате предвид дека грчката ноншалантност во одржувањето на патиштата, со што веќе на големо се соочувавме. Но, набргу се испостави дека сум грешка, бидејќи на локаниот пат кој води од Солун кон Македонија, наместо името на веќе 24 години постоечката држава, на сите патокази и понатаму стои име на нејзината распадната претходничка…

1

Дури на граничниот премин конечно читаме ФИРОМ, кратенка која последен пат ја видовме северно од Солун, кога слеговме од автопатот. Но, очигледно е дека тој акроним, односно називот Former Yugoslav Republic of Macedonia (под кое име Грција ја призна самостална Македонија во 1995 година), на повеќето Грци и понатаму им е коска в грло, бидејќи вистинската Македонија, вистинската и единствена наследничка на древната, античка Македонија, и понатаму ги сметаат единствено своите три покраини со исто име, а никако не новата држава со која се граничат. Ја игнорираат до таа мера што, ете, и ден-денес, како во некој времеплов, од Грција се уште, барем по патоказите, може да се стигне во Југо.

2

Но, ние на малиот пограничен премин Ника, потполно пусти и без сообраќај, сепак, влеговме во Република Македонија, Царинските формалности ги решивме без проблем, па покрај зелената и висока планина Баба, преку Битола, каде застанавме на кафе и на сендвич, мирно се донесовме до Охрид, нашата цел во Македонија. На влезот на градот не дочек гужва, а како што се приближувавме на стариот дел од градот, метежот стана уште погуст…И баш кога, како прави почетници, заглавивме во гужвата и почнавме на глас да го проколнуваме сообраќајот, автобусите и ордата туристи, низ прозорот ни се покажа глава на мотоциклист, кој не поздрави…Што ли сака, дали е лудак или разбојник, се запрашавме, додека за наш вкус пренападниот четиринаесетгодишник на секој семафор упорно се обидуваше да комуницира со нас.

3

– Момци, од кај сте? Од Загреб? Како е во Загреб? Ви треба смештај, само кажете ми, не сум криминалец, жими мајка, вториот најдобар туристички работник сум во градот, возете со мене, подобар сум и од booking.com. Не грижете се, наоѓам евтино. Колку можете, 20, 30, 40, 50 евра? Се решавам….Бидејќи бевме прилично уморни, а сместувањето не го договоривме однапред, одлучивме да се впуштиме во авантура со младиот и надежен Македонец. Тргнавме  по неговиот скутер. Но, во првиот мал хотел во самиот стар град немаше место, а ни во вториот. Додека сесрдно ги поместуваше бариерите да можеме да се паркираме пред хотелот, ни кажа дека се вика Ерол  и дека во секој хотел во кој ќе донесе гости добива мала провизија, а гостите добиваат попуст.

4

Тогаш сфаќаме дека целта на неговата работа е на главната градска улица „сними“ странска регистрација, па потоа го следи автомобилот и на патниците им нуди сместување, што навистина го прави навистина вешто и глатко, а притоа дури и самиот го регулира сообраќајот, ги застанува другите возила, за да не се одвои од своите муштерии. Ни се причини на момент дека таков третман во Охрид немало ни за покојниот југословенски претседател Тито, кој секако, таму имаше луксузна вила. Но, после новиот неуспех и самиот Ерол станува малку лут, бидејќи не очекуваше толкава гужва по градот и по хотелите…Но, во секунда преминува на планот Б, повторно се качува на мотоциклот и вика: По мене! Штом ги сместив вашите генерали и бизнисмени, ќе најдам места и за вас.

5

Не води на самата обала крај градското пристаниште, до една нова станбена зграда на кејот „Маршал Тито“ и не сместува во новонаместен двособен стан со поглед на езерото, а договориме за 60 евра за двете ноќи! Па, тоа е поевтино и од Бугарија…Ерол ни ги дава клучевите од станот и зградата во рака, картичка за бесплатно паркирање под тенда, се ракува и вели дека оди понатаму, до првиот градски семафор, да заработи уште некоја пара…Но, бидејќи сме првпат во таа држава, град, улица и стан, го задржуваме и го молиме да ни открие каде се менувачниците со најповолен курс и ресторан со најдобрите домашни специјалитети. Ерол нас пешки не води до блискиот, а воедно и еден од најпопуларните охридски ресторани „Белведере“, каде маса треба да се резервира и денови однапред.

6

Се разбира, веќе беше полн како брод, без ниедно слободно место, но бидејќи дојдовме со Ерол, менаџерот на локалот веднаш ја претвори во маса за двајца масата на која музичарите, кои ги забавуваа гостите, ги чуваа своите инструменти. Не се ни свртивме, а веќе две „шливки“ и две ладни „скопски“ и менијата веќе беа на масата…Навистина, секаде сме биле, се сме поминале, но такво гостопримство и срдечност можете да доживеете само во Македонија. Не треба притоа ни да се нагласи дека скарата и прилозите кои ги нарачавме беа врвни и притоа повеќе од поволни за нашиот џеб – обилната вечера и пијалок за двајца ги плативме 160 куни! (1.315 денари). Бидејќи бевме уморни како кучиња, добрата храна и звуците на циганската виолина на уво, не освежија и не наведоа да се нурнеме во ноќниот живот на Охрид.

7

Нема тука големи дискотеки ни српски турбо-фолк, па забавата ја продолжуваме прво во големата  сала на ресторанот, на фешта со хармоника со група црногорски учителки во основно, а потоа и во блиското „The Duck Cafe“ на жива поп и рок домашна и странска музика, каде цените, сепак, беа малку повисоки, но се уште пристапни. Вториот ден, пак, го искористивме за разгледување на главните градски знаменитости, како Самоиловата тврдина, возење со брод по езеро, посета на Билјанини извори и во блискиот величествен манастир „Свети Наум“.

8

Воглавно, се што секој посетител на Охрид задолжително мора да види. Се разбира, по пат ја вкусивме и далеку познатата охридски пастрмка и јагула подготвени на летен начин, значи свежи…Следниот ден на програмата ни беше патот до Тирана, но бидејќи благодарение на непосредноста и пријателската љубезност на баш сите Македонци со кои се запознавме, во Охрид во само два дена се наполнавме со позитивна енергија како никогаш претходно, веќе знаевме дека таму со сигурност уште многу пати ќе се враќаме…

НАКРАТКО

Кој од покраината Средна Македонија по Грција ќе тргне да ги следи патоказите кон непостоечката држава Југославија ќе стигне до на Грците не толку драга, но сепак постоечка и вистинска држава Македонија. Патот кој води од Солун до Охрид повеќе е локален, а до граничниот премин од ЕУ во ФИРОМ кај Ника, поприлично пуст и запуштен. Дури 15 километри после грчко-македонската граница, под планината Баба, се семстила Битола, одлично место за одмор од возењето со кафе и пециво во опуштената атмосфера на една тамошна гостилница.

9

Охрид е град со богато наследство и бројни културно-историски знаменитости, меѓу кои посебно се истакнува црквата „Свети Климент“ и Пантелејмон, манастирот „Свети Наум“ и Самоиловата тврдина. Охридското Езеро, од кое една третина му припаѓа на Албанија, многумина го нарекуваат македонско море и радо се капат на неговите плажи.

10

Неколку туристички бродови секојдневно возат тури по езерото (цената им се движи по околу 80 куни – 650 денари по лице за еден час) а секогаш се полни најмногу со Холанѓани, Италијани, Срби и Грци. За градот, историјата и обичаите со задоволство ќе ви зборува секој жител на Охрид, а толкава достопримливост, срдечност и отвореност на нашите патувања никаде на друго место не сме доживеале.

11

За секој по нешто: маички со шаховницата, четири С, Дон Корлеоне, Тито и Че Гевара, а во трафика и „Ауто клуб“. Македонците уште од 1989 година спаѓаат во нашите најверни читатели. Среде градот е и римски амфитеатар од 4. век пред Христа, во кој денес се одржуваат бројни настани, па и дел од славниот фестивал Охридско лето.

Охрид е чист и уреден град, а најживо е на главното градско шеталиште, каде можете да купите евтини сувенири (бисерен ѓердан за 650 денари) или да испиете каде (4 куни – 30 денари). Охрид е и место за добра забава, каде можете да нишате со колковите низ звуците на хармонијата и народните песни, но и да уживате во жива рок-свирка. Гастрономија за вистински гурмани: освен пастрмки и јагули, се исплати да се проба и чкембе чорба, гравче-тавче и сутлијаш, како и превкусна скара, со која одлично оди и ладно локално пиво.

 

 

12

 

13

 

14

 

15

 

16

17

 
 
03.08.2016 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега