Пукање во Гостивар и Кичево - рането младо момче

 

Во текот на вчерашниот ден околу 17 часот во Гостивар, во дворот од куќата на 54-годишниот И.А. паднал проектил испукан од огнено оружје. Додека истиот работел во дворот, во негова близина, проектил испукан од огнено оружје удрил во столбот на оградниот ѕид на дворот и паднал на тревата. На оддалеченост на околу десет метри од местото каде што удрил проектилот бил и 32-годишниот Т.А. 

Исто така, синоќа во 21 часот во Кичево во спортски центар, 22-годишниот Б.Р. бил погоден во десното стопало од залутано зрно од огнено оружје додека играл фудбал во објектот. На Б.Р. му била укажана помош во Медицински центар Кичево.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
04.08.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега