Вучиќ испрати телеграма до Димитриев: Подготвени сме во рамки на можностите да помогнеме

Претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ до премиерот Емил Димитриев испратил телеграма со сочувство по страшното невреме кое го погоди Скопје и околината, а во кое животот досега го загубија 20 лица.

-Природата повторно не опоменува дека не сме доволно силни да се спротивставиме на нејзината силина, но она што можеме да го направиме е да си помогнеме едни на други. Владата на Србија е подготвена, во рамки на своите можности, да понуди помош и поддршка за граѓаните и Владата на Македонија во отстранување на последниците од оваа природна непогода, стои во писмото на Вучиќ.

 
 
07.08.2016 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега