Граѓаните сведочат од терен: Сите единици се трудат со сите сили

На социјалните мрежи се забележуваат коментари од граѓани кои доброволно се вклучија во акцијата за помагање на настраданите во поплавите и ја коментираат состојбата на терен каде што може да се видат работи кои од дома пред компјутер „не се гледаат најдобро“.

„Координирано е се доста добро, стратешки се поставија сите единици, центрите се отворени по школи и имаат основни намирници и може да се пружи помош. Не знам како било синоќа ама сабајлево се беше растрчано на терен. Штом уште сношти се појавила армијата, сигурно спречиле многу повеќе жртви. Денес имаше секаква механизација која отвараше пат, цистерни со вода, камиони други со вода и брза помош. Изладете главите, нека помине вечерва се па ќе се бараат одговорности. Треба солидарност за преживеаните, споделувајте граѓански акции и пунктови кај што се собираат донации. Сочувство за семејствата на жртвите.“

 
 
07.08.2016 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега