Прилепчани донираат за настраданите во Скопско

 Пункт на Црвениот крст-Прилеп и на локалната самоуправа за собирање средства и продукти за настраданите од невремето во скопско, е отворен од 10 до 18 часот на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во центарот на Прилеп. 

Според Александар Котески од Црвен крст-Прилеп, одѕивот е одличен.

- Граѓаните доаѓаат оставаат пакувана вода, средства и пари за настраданите во скопско од невремето. постојано сме во координација со Црвениот крст на Република Македонија и нашата акција ќе продолжи понатаму. Од 12 часот е отворен уште еден пункт поради интересот на компаниите да достават донации, рече Котески.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески упати апел граѓаните во што поголем број да ги доставуваат донациите. Тој најави отворање и на нови пунктови.

- Прилеп сочувствува со настраданите. Во договор со месните заедници, ќе се отворат и пунктови во прилепските населби за граѓаните да донираат средства и таму, а да не мора да доаѓаат во центарот на градот, додаде Ристески.

 
 
08.08.2016 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега