Прегазена жена во Тетово
Во текот на вчерашниот ден во Тетово, во 12 часот и 25 минути, на крстосницата од улиците „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“, се случила сообраќајна незгода во која возило „Сканија“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Т.К. од Велес, удрило во пешакот Н.З. (65) од Тетово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила прегазената жена која со екипа на Итната медицинска помош била пренесена во Клинички центар Тетово, од каде поради сериозноста на повредите како итен случај била препратена во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа