Станишев испрати писмо со сочуство до Заев

 Претседателот на Партијата на европските социјалисти Сергеј Станишев упати писмо со сочувство до лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по повод трагичните настани за време на поплавата во Скопје, соопшти СДСМ.

- Со голема загриженост ја примивме веста за настраданите и повредените, како и за значителните штети предизвикани од големите поплави. Со длабока тага изразуваме искрено сочувство. Се надеваме дека сите оние коишто беа повредени и коишто беа зафатени од катастрофата ќе имаат брзо закрепнување. Горди сме што Социјалдеморкатскиот сојуз организира хуманитарна акција за погодените подрачја. Со тоа покажувате голема солидарност. Ве уверуваме дека ПЕС  се солидализира со СДСМ и со сите граѓани на Р. Македонија. Како и секогаш, Европските социјалисти и демократи повикуваат на поголема соработка помеѓу земјите на ЕУ во превенција на вакви катастрофални појави, се вели во писмото од Станишев.

СДСМ е сестринска партија на Партијата на европските социјалисти, која ја обединува европската левица и ги претставува социјалдемократските, социјалистичките и лабуристичките партии во Европа.

 
 
09.08.2016 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега