Во Шуто Оризари ќе бидат испратени пумпи за испумпување

Дел од населбата Шуто Оризари и џамијата исто така биле поплавени од невремето што го зафати Скопскиот регион. Штетите се помали, а екипи од општината веќе работеле на терен.

Општината денеска ја посети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски Митко Чавков и Владо Мисајловски, како и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Договорено е во текот на денешниот ден да бидат доставени пумпи на струја за испумпување на водата од дворовите.

Жителите од општината побараа да се реши проблемот со атмосферската канализација бидејќи според нив таа е една од причините за поплавување на што градоначалникот на Град Скопје информираше дека проектот е направен и оти наскоро се очекува да биде распишан тендер.

 
 
09.08.2016 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега