Оглас за вработување осум стручни лица
Општина Аеродром објави оглас за вработување осум стручни лица со професија дефектолог, психолог и педагог, кои ќе бидат ангажирани за помош на деца со инвалидитет.
Станува збор за проектот „Унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со пречки во развојот во училиштата во Општина Аеродром“ во организација на Општина Аеродром, Агенцијата за вработување и УНДП.
Општината соопшти дека лицата што ќе бидат избрани на конкурсот ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 работни часови неделно за период од 6 месеци.
Ангажираните лица ќе бидат задолжени за следење на учениците со пречки во развојот, на кои им е потребна дополнителна стручна помош за успешно адаптирање и ресоцијализација преку најразлични вежби и индивидуална работа.
- Целта на овој проект е, од една страна да ја подобри грижата за децата со попреченост за нивна уште поголема инклузија во образовниот процес и непречено одвивање на сите образовни активности во училиштата и градинките на територијата на Општина Аеродром, а од друга страна, да им помогне на активните баратели на работа (дефектолози, педагози, психолози и други професии од сферата на грижа на лица со попреченост) да се стекнат со професионално работно искуство и вештини, за да станат поквалификувани и конкурентни на пазарот на трудот, со крајна цел намалување на невработеноста во општината и во државата, информира Општина Аеродром.
Огласот трае до 19 август 2016 година, а повеќе детали може да се добијат преку линкот
Во основните училишта во Општина Аеродром има 74 ученици со попреченост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа