Функционира мобилната телефонија во регионите погодени од невремето, во Стајковци поставени мобилни агрегати

Во регионите погодени од невремето, мобилната телефонија веќе функционира. Екипите се постојано на терен и се уште се работи на фиксните сервиси во Стајковци, заради недостапноста на теренот. Овие сервиси за дел од корисниците во Црешово се веќе функционални.

Македонски Телеком постави мобилни агрегати во Стајковци, за жителите да можат да ги полнат мобилните телефони при недостиг на електрична енергија.

Во моментов, низ цела Македонија има голем број на отворени пречки поради кои афектираните корисници не се во можност да ги добијат нашите услуги. Иако нашите екипи се постојано на терен станува збор за вонредна ситуација и потребно е подолго време. Корисниците кои имаат оштетена опрема можат сами да ја сменат во најблискиот Телеком Центар.

Заради оштетената инфраструктура од невремето и зголемениот број на повици и времето на чекање во Контакт центарот е зголемено. Затоа ги молиме корисниците да пријавуваат пречки и на маил адресата:kontakt@telekom.mk.

При појава на нови временски непогоди, односно во услови на големи електрични празнења и грмотевици, ги повикуваме корисниците да ја исклучуваат опремата од струја, за да се спречат евентуални оштетувања, велат од Македонски Телеком.

 
 
10.08.2016 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа