Наутро правеле пустош во куќите: Фатени крадци од Тетово

 

Две лица од Тетово, 39-годишниот Н.К. и 22-годишниот А.А. се осомничени од тетовската полиција дека се сторители на осум тешки кражби што биле извршени во април и јуни годинава, најмногу во  куќи во Тетово, Одри, Порој, Требош и Палатица.

Како што информираше за МИА портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски за двајцата осомничени наскоро ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

– Осомничените во вечерните или раните утрински часови провалувале во куќите  со насилно отворање претежно на влезните врати или прозорците, набрзина ги пребарувале просториите во куќите и најчесто одземале пари, златен накит и бижутерија, но и технички производи телевизори, часовници и друго. Дел од одземените предмети се веќе пронајдени и вратени на нивните сопственици, рече Јосифовски.

Според податоците на Јосифовски овие двајца осомничени и минатиот месец биле кривично пријавени за други кражби извршени во Тетово.

 
 
12.08.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега