РЕК Битола работи со две термоелектрани и во согласност со потребите

По реакциите на СДСМ во изминатите два дена  кои лиферуваа  информации дека РЕК Битола со денови, односно подолго време ќе биде во целосен застој, односно надвор од енергетскиот систем на Република Македонија,  редакцијата на Курир се обрати директно до Службата за информирање при овој Комбинат, со цел точно да ја информира јавноста.

– РЕК Битола произведува електрична енергија од  две термоелектрани ТЕ Битола 1 и ТЕ Битола 3, чија работа во целост е прилагодена  според потребите на домаќинствата и субјектите на регулираниот пазар за електрична енергија.Благодарение на натчовечките напори на сите вработени во комбинатот,  двете термоелектрани се вклучени во електроенергетскиот систем за многу краток период, со оглед на  сложеноста на техничко технолошкиот процес за вакви големи енергетски системи. Со целосна посветеност  на  персоналот  и стручните служби, Комбинатот функционира во редовни услови, со планираниот капацитет за овој период од годината и во ниту еден момент не е доведена во прашање стабилноста  на  електроенергетскиот систем,информираат од РЕК Битола.

Фактичката состојба на терен целосно ги  демантира шпекулациите на СДСМ кој  во обид  да собере ситни  дневнополитички поени, сее страв во јавноста дека се случила катастрофа од големи размери по која РЕК Битола нема да работи подолг период. Истовремено, се обезличени и шпекулациите дека се заканува распад на електроенергетскиот систем што како теза опозицијата ја повторува со години.

Од АД ЕЛЕМ, пак, информираат дека со  оптимизација на расположливите домашни производни капацитети, во целост се испорачуваат потребните количини електрична енергија до тарифните потрошувачи.

 
 
13.08.2016 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега