Охрид: Полицаец го казнил својот командир со 800 евра

Полицаец од Полициската станица во Охрид, распореден на работа како сообраќаец казнил свој Командир за сообраќаен прекршок ''претекнување на полна линија'' и управување со нерегистрирано возило – јавува Охрид1 повикувајќи се на свои извори во полицијата.

Според информациите кои ги објави порталот, сообраќајниот полицаец го казнил својот командир со глоба од 800 евра.

Охрид 1 пишува дека случајот е евидентиран, сослушани се сведоци, предаден е записник во Полиција и сега се чека институционалната разврска.

Според тоа што било констатирано, Командирот своето возило не го имал регистрирано цели три години, пишува Охрид 1.

Казната за Командирот е 800 евра и од 3 до 12 месеци забрана за управување со возилото.

 
 
15.08.2016 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега