Детали за киднапирањето во Тетово: Ја однел во црква и ја тепал со часови

 

Полицијата излезе со детали за киднапирањето во Тетово. Половина час пред полноќ 33-годишната  А.Ј. од Тетово пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг А.С. (31) од Тетово ја пресретнал додека одела пеш дома, ја тепал, киднапирал, ставил во возило и во манастирот „Св. Атанасиј“ ја натерал А.Ј. да му каже дека немала врска со никого. Потоа заминале во селото Варвара и повторно ја однел во црква, каде физички ја нападнал, удирајќи ја во пределот на главата и телото. Потоа ја внел во багажникот и со возилото ја однел во нивниот поранешен дом, каде се обидел да ја задржи со цел повторно да бидат заедно. Во еден момент А.С. ја пуштил А.Ј. да си оди. Се преземат мерки за пронаоѓање на насилникот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
15.08.2016 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега