Хорор во Тетово: Брутално ја претепал сопругата со дрвен стап
Триесет и седумгодишната тетовчанка Ж.Р, вчера попладне пријавила семејно насилство што претходно го извршил нејзиниот 42-годишен сопруг Б.Р. откако дошол дома пијан и почнале расправија.
Тој и се заканувал со нож, по што со дрвен стап удирал по масата и вратата, но и физички ја нападнал, удирајќи ја по главата и телото.
Набрзо, Б.Р. е приведен, задржан и потоа е пуштен, а по целосното рачистување на случајот ќе се соочи со соодветен поднесок.
16.08.2016 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа