Лидерот на ДУИ Ахмети го посети Сингелиќ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера го посетил село Сингелиќ во придружба на министрите за економија Дритон Кучи и за животна средина и просторно планирање Башким Амети.

Во изјава за медиуми, потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека посетата на Ахмети била организирана од шефот на штабот за итни случаи за населбата Сингелиќ, Али Садику.

Ахмети во текот на неговата посета во Сингелиќ, како што посочи Меџити, ветил дека на институционална основа ќе се санираат сите штети кои се предизвикани од поплавите и ќе се работи интензивно за да се врати нормалното живеење во Сингелиќ.

- Посетени се сите семејства кои загубија членови во поплавите што се случија на 6 август, а лидерот на ДУИ Али Ахмети им изрази сочуство на семејствата и им вети дека ќе бидат санирани сите штети, изјави Меџити.

 
 
16.08.2016 - 14:32
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега