Другарството ги спасило од поплавата: "Два часа висевме на столб додека водата носеше се пред нас"

 

Другари од детството, малолетниците Петар, Мартин, Стефан и Антонио, едвај спасиле жива глава од катастрофалните поплави на кобниот 6 август во Скопје. Тие ја раскажуваат потресната приказна за Утрински весник. 

Во денот кога небо и земја се споија во Скопје, се случи силно невреме и за жал загинаа 22 лица, другарите се нашле среде невремето и водата која носела се пред себе. Молеле за помош, но немало кој да ги чуе во хаосот. Играле фудбал во Ѓорче, па тргнале дома со автомобил. Нивниот автомобил бил меѓу последните кои влегле на обиколницата. Кога некако се пробиле до Стајковци, дедото на Петар им рекол да се спасуваат како знаат и да не излезат од возилото. Вода дошла од сите страни.

- Излеговме преку прозорецот, се качивме на покривот, но сфативме дека не е решение, па видовме бетонски столб и се качивме на него. Паѓавме, станувавме, се напивме вода. Си помагавме за да се качиме. Едвај се држевме, беше ладно. Викавме за помош но залудно, вели едно од момчињата за Утрински. 

Пред нив прелетувале автомобили, еден одел кон нив, а по два часа стоење, децата биле спасени од таткото и чичкото на МАртин кои едвај се пробиле. 

- Среќа што бевме заедно, имаше моменти си велиш ќе дигнам раце, но другарите не дозволуваат, вели тој.

 
 
17.08.2016 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега