Владините политики даваат резултат: Македонија прва во светот по новоотворени работни места

IBM втора година по ред ја рангира Mакедонија прва во светот по новоотворени работни места по глава на жител.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со ова признание, самиот институт укажува на тоа дека и малите држави може да бидат успешни. Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо вели дека признанието на IBM е валоризација  на сите политики и активности, кои беа превземани во изминатите 10 години во процесот на привлекување на странски инвеститори.

-Како што и самото рангирање покажува Македонија е прва во светот по глава на жител во креирање на нови работни места во 2015 година. Ако се спореди кои земји се тука во првите 20 земји ќе видиме дека има голем број на земји од регионот Србија, Бугарија, БиХ ,  Централно и Источна Европа како и балтичките земји, но и голем број на земји од Централна Америка како и помали земји од Заливот, значи тука се Обединетите Арапски Емирати, Бахраин, Саудиска Арабија. Голем број на компании воопшто и пред да не контактираат нас прават една анализа на сите оние информации и анализи кои се направени од меѓународни институции. Секако ова ќе биде една дополнителна позитивна активност која ќе биде поврзана со Македонија. Во нашите презентации, не само на бизнис форумите туку и директни контакти со компании, кога ќе покажеме каде е Македонија и како ние сме рангирани, ќе допринесе ние да бидеме подлабински анализирани. Само во зоните до крајот на годината е предвидено вкупно да има над  7500 работни места. Што значи дека 1300 до 1400 треба се креираат до крајот на годината и сте овие резултати ќе допринесат при анализата ние да имаме позитивни резултат, рече Мизо.

 
 
17.08.2016 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега