Се судрија две возила: Младо момче тешко повредено во гевгелиско

 

 

Едно лице е полесно повредено во сообраќајна несреќа што се случила кај надвозникот во село Мрзенци, на автопатот А1 Скопје-Гевгелија. Сообраќајот на оваа делница се пренасочува, потврдија од СВР Струмица. 

Портпаролката на СВР Струмица Хризантема Рендевска, информираше дека 26-годишниот Д.Т. е полесно повреден во сообраќајна несреќа меѓу две возила на автопатот. Повреденото лице е пренесено во гевгелиската болница.

- Нема застој во сообраќајот, рече Рендевска и додаде дека за краток период сообраќајот ќе биде целосно нормализиран.

 
 
17.08.2016 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега