Приведен Владиката Петар
Надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар утрово бил приведен и однесен во полицијата во Мелбурн на информативен разговор, објави интернет порталот „Religija.mk“.
Двајца детективни од оделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот каде престојува владиката, а по краток разговор го повикале во полициска станица. „Фаланга“ објави видео како Владиката Петар во придружба на детективите се качува во службено возило.
Засега нема информации поради кои причини е приведен Владиката Петар.
Во МПЦ засега нема никаков коментар и офиицјален став. За веста слушнале од медиумите, но додека не добијат официјална потврда не скаат да даваат какви били коментари.
Видеото погледнете го на Religija.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа