СДСМ се огласи по сообраќајката на Шеќеринска

 

Опозициската СДСМ се огласи за сообраќајната несреќа во која учествуваше заменик претседателката на партијата Радмила Шеќеринска.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Ја информираме јавноста дека денеска, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија), се случила сообраќајна незгода при што возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители.

Заменик претседателката Шекеринска и сопатниците се во добра здравствена состојба.“   - стои во соопштението на СДСМ

Press24 веќе објави дека 29 годишната гевгеличанка која го управувало Авеото кое според СДСМ удрило во џипот Митсубиши Пајеро кој го управувал таткото на Шеќеринска со повреди била префрлена во болница.

 
 
17.08.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега