Автомобил излета од патот кај Жеровјане
Вчера околу 07 часот и 20 минути на автопатот Гостивар-Тетово, пред влезот во селото Жеровјане, се случила сообраќајна незгода во која 31-годишниот С.А.од Чајлане, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Соледо“ со скопски регистерски ознаки изгубил контрола над истото и излетал од патот, при што со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, 31-годишниот Ф.Џ. кој по укажаната лекарска помош во Клиничката болница-Тетово, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничката болница-Скопје.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
17.08.2016 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа