Изречена казната за Македонецот кој уби девојка па го истетовира лицето - колку ќе лежи во затвор?

 

Македонецот Сашо Ристовски ќе остане запаметен во јавноста како момчето кое ја предизвика сообраќајката во која загина неговата девојка, па потоа си го истетовира целото лице за да не заборави на вината. Сега 28-годишниот Македонец во Австралија, е осуден за делото кое го направи на седум години затвор, пишува Дневник.

Ристовски пред судите признал дека е виновен за пребрзото возење кое одзеде живот и тоа во алкохолизирана состојба. Сепак, и покрај казната од седум години затвор, тој задолжително ќе добие 4 годсини и девет месеци, по што може да биде помилуван за добро однесување.

Семејството на младата Медисон Тилијард, која тогаш имаше само 16 години, беше дел од судницата и изрази задовоство од казната, иако ништо не може да им ја намали болката и загубата.

Сообраќајката се случи на 4 јули 2014 година кога Ристовски со луксузен автомобил удрил во дрво, откако претходно се скарал со девојката која била на забава. Таа починала на лице место, а тој дрогиран и пијан ја направил сообраќајката.

 
 
18.08.2016 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега