СРАМНО: Краделе среде хаосот во Стајковци
Срамно, среде поплавите во Стајковци се случи тешка кражба. Тешката кражба е извршена на обиколница Стајковци каде непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ги отворил резерварите на три товарни возила сопственост на „Илинден-АД“ Струга при што одзел 240 литри дизел гориво. Исто така кривично дело „кражба“ е извршено во село Црешево каде од дворно место се одземени девет железни шипки со должина од 12 метра по парче, 210 железни узенгии, и втората кражба е извршена во Економија (Сингелиќ) каде од дворно место е одземен мобилен телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичните дела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа