Скопјани направиле парче во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против против Е.Д.(21), С.К.(21) и против две други малолетни лица, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“.
Пријавените ги извршиле делата во периодот од 11 до 15 август годинава во повеќе деловни објекти во Охрид. Истите со употреба на подесен алат насилно влегувале во објектите и одземале разни предмети.
На тој начин истите предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од 46.000 денари.
СВР Охрид изврши претрес во собите каде што престојувале пријавените и пронајде дел од алатот користен во извршувањето на тешките кражби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа