Попладне дожд и грмежи: Еве што не чека деновиве

Во западните делови од земјава има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Облачната маса е со правец на движење кон североисток.

 ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.

Во Скопје умерено облачно, во доцните попладневни часови повремено значително облачно со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Утре ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места со пороен дожд и грмежи. И во Скопската котлина ќе биде променливо облачно, попладне со пороен дожд и грмежи.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло, но можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

Во понеделник се очекува позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер што ќе предизвика намалување на температурата за 5 до 10 степени во однос на претходните денови.

 

 

 

 
 
18.08.2016 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега