Време: Горештините денеска го достигнуваат својот максимум

Времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност, во попладневните и во ноќните часови ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а дневната ќе достигне од 35 до околу 42 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до околу 20, а дневната ќе достигне до 39 степени. 

30.07.2013 - 00:36

најчитано сега