Филип слави роденден прегрнат и со мајката и со маќеата (ФОТО)

Синоќа во Белград семејството Живоиновиќ, на славниот југословенски тенисер Боба и на фолк-пејачката Лепа Брена, организира голема забава по повод роденденот на најстариот од браќата Живоиновиќ, Филип, кој е син на Боба и посинок на Брена.

За идиличниот односи меѓу пејачката и нејзиниот посинок многу се пишува, особено во последно време откако тој е во врска со нејзината колешка Александра Пријовиќ.

Но, исто така, не е тајна дека Боба е во добри односи и со биолошката мајка на Филип, Зорица, која и синоќа беше дел од големата забава организирана во чест на нејзиниот син Филип.

На фотографиите што ги објави Лепа Брена на Инстаграм двете мајки се постојано покрај славеникот и блескаат од возбуда.

 
 
20.08.2016 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега