Тешка сообраќајка во Скопје, повредени 7 лица - возачот избегал од местото на несреќата
Сообраќајката се случила меѓу возило со марка БМВ управувано од 25 годишно лице од Скопје и патничко моторно возило марка мерцедес во кое се превезувале шест лица, пет девојки и едно момче.
Возачот на возилото БМВ по сообраќајната незгода го оставил возилото и го напуштил местото на незгодата.
Со возило на брза помош повредените лица од возилото мерцедес биле префрлени во клиничкиот центар Мајка Тереза.
Кај две од девојките се утврдени тешки телесни повреди и се задржани на лекување, а кај две девојки се утврдени телесни повреди и се задржани на лекување, а додека возачот на мерцедесот и една од девојките која е малолетна се упатени на домашно лекување.
Од страна на единицата алфи, возачот на БМВ бил пронајден во неговиот дом околу 6:30 утринава и бидејќи бил видно повреден бил пренесен во градската општина болница Св. Наум Охридски, од каде од страна на доктор констатирани му се телесни повреди и предложено му е болничко лекување, но одбил да биде хоспитализиран.
Од МВР јавуваат дека деталите околу сообраќајната незгода ќе бидат дополнително утврдени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа