Голем пожар во Штип

 

Пожар што зафати сува трева, лозов насад и една шупа избувна денеска помеѓу двете штипски населби Пребег и Мерите на местото викано кај старата депонија.

Командирот на ТППЕ на Штип Благој Ренџов вели дека е изгорена површина од околу 50 хектари, а 13-те пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот не дозволиле да ги зафатат и викенд куќите во населбата Мерите.

- Учествуваме во гаснењето на пожарот со четири противпожарни возила. Станува збор за голема површина што беше зафатена од пожарот и првично можам да кажам дека причина е човечки фактор, вели Ренџов. 

Дојавата за пожарот штипските поќарникари ја добиле околу 15 часот. По интервенцијата пожарот е локализиран.

 
 
21.08.2016 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега