Паднал во провалија и удрил во ѕид: Едно лице загина во страшна несреќа кај Галичник

 

Страшна сообраќајка во која згасна живот, викендов во Македонија. Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 9 часот и 45 минути се случила во Галичник, на локалниот пат од центарот на Галичник кон хотелот Меда, кога 74-годишниот З.Д. од Маврово управувајќи „Ленд Ровер“ излетал од патот во провалија, удрил во потпорен ѕид и застанал на пат кон води кон долно маало во селото.

На лице место животот го загубил возачот, а со тешки повреди се здобил сопатникот, 37-годишниот М.Р. од селото Присојница. Тој е пренесен на Ургентен во Скопје.

 

 
 
22.08.2016 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега