Страшна сообраќајка на Илинденска: Возачот избегал - четири девојки на Ургентен
Во 04 часот и 20 минути во Скопје, на крстосницата од булеварите „Илинден“ и „Аминта 3-ти“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Ф.Л. од Скопје и „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот С.Д. од Скопје.
По незгодата Ф.Л. го оставил возилото и го напуштил местото на несреќата.
Со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од возилото „БМВ“, М.Ц. (23) и С.А. (25), двете од Скопје , кои по укажаната лекарска помош се задржани на понатамошно лекување во Ургентен Центар-Скопје. Со телесни повреди се здобиле сопатничките С.Ц.(23) од Скопје и И.Р. (18) од Трубарево, скопско, кои по укажаната лекарска помош се задржани на понатамошно лекување во Ургентен Центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.
Ф.Л бил пронајден и во 06 часот и 30 минути е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, каде му се констатирани телесни повреди, по што му било предложено да остане на болничко лекување, но истиот одбил да биде хоспитализиран.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа